И покрај кризата во светот, Германија добро снабдена со гас

Од:

Снабдувањето со гас во Германија е сигурно и покрај тензичната ситуација во Велика Британија и на светскиот пазар, изјави денеска портпаролка на германското Министерство за економија.

– Залихите во Германија се големи. Германија собра 16 пати повеќе резерви на гас отколку Британија, изјави таа. Складиштата за гас со капацитет од 24,6 милијарди кубни метри се полни речиси 65 проценти, а тој процент расте неделно, нагласи портпаролката.

Зголемувањето на цените на природниот гас на големо во Европа предизвика драматична ситуација за производителите на енергија, хемикалии и челик во последните денови и ги закочи синџирите на снабдување кои веќе се во тешкотии поради недостиг на работна сила.

Би можело да ве интересира

Германските власти нудат парична награда за информации за трикратниот убиец од Кобленц

Авион падна во фабрички комплекс, има загинати

Мерц: Украина не треба да влезе во НАТО или во ЕУ додека е во војна со Русија

Германија: Мерц повикува на трговија без царини меѓу САД и ЕУ

Оружјето што Германија го испраќа во Украина често се расипува

ЦСУ го одобри коалицискиот договор со ЦДУ и СПД