И покрај коронавирусот, Сирија го одложува ослободувањето на затвореници

Од:

Сирија го одложува ослободувањето затвореници, како дел од амнестијата што ја прогласи претседателот, Башар ал-Асад заради стравот од масовни инфекции доколку коронавирусот се прошири во преполните затвори, соопштија групите за заштита на човековите права.

Владата во Дамаск соопшти дека во земјата досега се регистрирани само 19 случаи на коронавирус и два смртни случаи од нив, но со оглед на фактот дека здравствениот систем е уништен во граѓанската војна што трае веќе речиси една деценија, Сирија стравува дека нема да може да ја совлада заразата од коронавирусот, пренесоа британските медиуми.

Минатата недела пратеникот на ОН за земјата, Геир укажа на ризикот од Ковид-19 во затворите и повика на итно ослободување на затворениците.

Амнестијата што Асад ја прогласи на 22 март го прошири просторот на злосторствата опфатени со амнестијата од минатиот септември .

Групите за човекови права, меѓутоа, соопштија дека само неколку стотици лица,затворени заради вообичаените кривични дела, досега се пуштени на слобода и ги повикаа Дамаск да го следи примерот на другите држави, вклучувајќи го блискиот сојузник Иран, што ослободи десетици илјади затвореници откако почна пандемијата со коорнависурот.

„Во сириските затвори и притворски центри Ковид-19 може брзо да се рашири заради лошите санитетски услови, недостигот од пристап до чиста вода и пренатрупаност“, изјави Лин Малоуф, директорка за истражувања на Блискиот Исток на Аменести интернешенел.

Сириските државни медиуми не јавија колку затвореници се пуштени од затвор, но судиите наведоа дека целта е да се намали нивниот број.

Би можело да ве интересира

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

Сирија: Израел изврши воздушен напад врз областа на античкиот град Палмира

(ВИДЕО) Турција ги нападна Курдите во Ирак и Сирија во знак на одмазда за терористичкиот напад кај Анкара

Горан Наумовски

ВИДЕО: Израел погоди станбена област во Дамаск, меѓу загинатите има жени и деца

Катерина Ѓуровски

Иран го предупреди Израел: Ќе ви одговориме уште посилно, ставете не во искушение

Во израелски напад на Дамаск загина и познатa сириска новинарка