И покрај договорениот прекин на огнот денеска регистрирани нови судири на границата меѓу Ерменија и Азербејџан

Од:

Рано утринава има нови судири меѓу азербејџанските и ерменските војници на спорната граница кај регионот Нагорно-Карагах , јави Тасс, повикувајќи се на ерменското Министерство за одбрана.

Портпаролот на ерменското министерство соопшти дека Азербејџан во денешните напади на границата меѓу двете земји употребил беспилотни летала, артилерија и минофрлачи, а според него ситуацијата на теренот се уште била тензична.

Американските медиуми потсетуваат дека во вчерашните жестоки борби на двете страни загинаа околу 100 војници, а новите напади на двете страни ги подгреваат стравувањата од обновување на непријателствата меѓу долгогодишните противници.

Ерменија вчера пријави дека во борбите загубила 49 свои војници, додека Азербејџан соопшти за 50 нејзини загинати војници, наведуваат американските медиуми.

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, вчера експресно ги повика Ерменија и Азербејџан „да преземат итни чекори за деескалација на тензиите, да покажат максимална воздржаност и да ги решат сите отворени прашања преку дијалог и спроведување на претходните договори“.

Советот за безбедност на ОН за денеска закажа затворена седница во врска со обновувањето на конфликтите во регионот на азербејџанско-ерменската граница.

Во во вторникот, текот на ноќта, на ерменско-азербејџанската граница повторно имаше вооружени судири, а двете страни меѓусебно се обвинуваат дека го почнале новото заострување на односите.

Азербејџанските медиуми вчера јавија дека Баку и Ереван се договориле за прекин на огнот, што стапи на сила вчера во 9 часот по локално време.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Ерменија бара повлекување на руската војска од аеродромот во Ереван

Ерменија: Не сакаме во НАТО

Америка предупредува на нова војна на Кавказ: „Ќе нападнат“

Започна нова војна меѓу Азербејџан и Ерменија во Нагорно Карабах

(ВИДЕО) Тепачка во ерменското Собрание: Народните избраници во жесток клинч, обезбедувањето ги разделуваше нервозните пратеници

Горан Наумовски

Конфликтот во Нагорно Карабах продолжи, има загинати, се користат минофрлачи и дронови

Ана Ололовска