Од никотинот не умираат само пушачите. Страдаат и пасивните пушачи. Пасивното пушење, годишно убива повеќе од 600.000 луѓе во светот, според истражувањето објавено во британското медицинско списание Лансет.
Истражувачите ги испитувале податоци од 192 земји и заклучиле дека 40 % од децата, а повеќе од 30% од возрасните, вдишуваат чад од цигари.
Процениле дека пасивното пушење предизвикува смрт на околу 603.000 луѓе одишно. Директна причина за смрт на 379.000, беа болести на срцето, 165.000 починале од респираторни заболувања, 36.900 од астма, и 21.400 од рак на белите дробови.
Се проценува дека активното пушење со вдишување чад од тутун, секоја година убива околу 5,1 милиони луѓе во светот.