И Мишел во самоизолација по средбата со Макрон

Од:

Претседателот на Европски совет (ЕС) Шарл Мишел ќе биде во самоизолација поради превентива, изјави портпаролот на Европска Унија.

Тој имаше средба со францускиот претседател Емануел Макрон, кој е позитивен на Ковид-19.

Портпаролот на ЕУ наведе дека Мишел редовно се тестира, а на тестот од вторникот бил негативен.

Претходно и шпанскиот премиер Педро Санчез изјави дека ќе биде во самоизолација до 24 декември поради средбата со Макрон.

Претходно,Елисејската палата соопшти дека Макрон е инфициран со новиот коронавирус.

– Претседателот денеска е тестиран и е позитивен. ПЦР тестот беше направен откако пројави први симптоми, се наведува во соопштението од Елисејска палата.

Макрон ќе биде во самоизолација следните седум дена.

Би можело да ве интересира

Макрон го критикуваше мешањето на Маск во изборите во Европа

Макрон бара итна хуманитарна помош за Газа

Горан Наумовски

Макрон прогласи национална жалост за жртвите на циклонот „Чидо“

Ле Пен: Се подготвувам за предвремени претседателски избори, времето на Макрон заврши

Горан Наумовски

Макрон: Мировниот договор во Украина мора да вклучи Украинци

Шолц и Макрон велат дека се подготвени да соработуваат со новите сириски власти

Горан Наумовски