И Ирска привремено ја прекинува вакцинацијата со АстраЗенека

Од:

Вакцинацијата со лекот на АстраЗенека треба привремено да се запре додека не се испитаат случаите на згрутчување на крвта, изјави денеска ирскиот заменик-началник за јавно здравје Ронан Глин.

– Оваа препорака е дадена по извештајот на Норвешката медицинска агенција за четири нови случаи на згрутчување на крвта кај возрасни по вакцинирањето со вакцината на АстраЗенека, рече Глин, но додаде дека „сè уште не е заклучено дека постои поврзаност меѓу вакцината на АстраЗенека и овие случаи“.

– Како мерка на претпазливост и во очекување на нови информации, Националниот советодавен одбор за имунизација (НИАЦ) препорача привремен прекин на вакцинацијата со АстраЗенека во Ирска, соопшти Глин.

Норвешка престана да ја користи вакцината уште во четвртокот, по сличен потег на Данска и Австрија која истражува смртен случај поради нарушувања на коагулацијата и случај на белодробна емболија.

Би можело да ве интересира

Шокантна изјава од АстраЗенека: Не беше работа на компанијата да се занимава со ковид вакцина

Предраг Петровиќ

ЕУ одобри третман со лекот Сафнело на Астра Зенека за лица со лупус

Ана Ололовска

И Ирска воведува строги мерки околу празниците поради омикрон

Катерина Ѓуровски

Лавров: Русија не украла формула на вакцината на Астра Зенека за да ја произведе Спутник В

Ана Ололовска

АстраЗенека побара одобрение од ФДА за третман со антитела против Ковид-19

А1он

Студија: Комбинација од вакцини на Астра Зенека и Спутник лајт дава висока ефикасност

Ана Ололовска