И филипинската војска се вклучува во борбата против дрогата

Од:

Филипинскиот претседател Родриго Дутерте денеска изјави дека има намера да издаде извршна наредба, со која на војската ќе и се овозможи да учествува во неговата борба против дрогата која, како што кажа, претставува закана за внатрешната безбедност на земјата, пренесоа британските медиуми.

Дутерте повтори дека нема потреба да се прогласува вонредна состојба во земјата, какошто досега повеќе пати се закануваше дека ќе направи.

Филипини во понеделникот ги суспендира сите полициски акции во борбата против дрогата поради длабоко вкоренетата корупција.

Дутерте за надлежна во оваа операција ја прогласи Агенцијата за борба против дрогата, и изрази желба војската да помогне во оваа борба.

Би можело да ве интересира

Тропска бура ги погоди Филипините, најмалку 13 загинати

Брод на кинеската крајбрежна стража намерно се судри со брод на филипинските колеги

Горан Наумовски

Екстремни горештини на Филипините

Во свлечиште на Филипините загинаа 11 лица, а 110 се исчезнати

(ВИДЕО) Бизарна пресметка на далечниот исток: Кинезите со воден топ „пукаат“ во филипински брод

(ВИДЕО) Силен земјотрес на Филипини

Горан Наумовски