Првиот европски дипломат, Жозеп Борел, денеска ја осуди одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да го прекине финансирањето на САД на Светската здравствена организација.
„Длабоко сум разжалостен од одлуката на САД да го прекине финансирањето на СЗО“, напиша Борел на Твитер.
„Нема причина што може да го оправда овој потег во момент кога нивните напори се неопходни повеќе од кога било порано за да помогнат во надминувањето на пандемијата на коронавирусот”, порача тој.
„Само преку обединување на силите можеме да ја надминеме оваа криза, што не познава граници“ напиша Борел на Твитер.