И Баварија го ограничува движењето во борбата против коронавирусот

Од:

Германската покраина Баварија од вечерва ја ограничува слободата на движење во следните две недели низ целата нејзина територија.

Премиерот на покраината Маркус Седер, денеска објави дека со мерката, која ќе стапи во сила на полноќ, се бара граѓаните да останат во своите домови.

Граѓаните ќе можат да заминат само на работа, да купуваат намирници, лекови, како и да посетаат лекар или да им пружат помош на други.

Покрај тоа, ќе биде дозволено и спортување и движење на отворено, но само индивидуално или со лица од исто домаќинство.

Угостителските објекти во следните две недели ќе можат да понудат само храна за носење.

– Не смееме да се колебаме понатаму. Направивме многу во последните денови, но за жал мора да се направи повеќе, рече Седер.

Бројот на заразени лица во Баварија драматично се зголеми на повеќе од 3.000, со што покраината стана трето жариште во Германија.

Би можело да ве интересира

Олаф Шолц го призна поразот: Горчлив резултат за социјалдемократите

А1он

Лидерите на АфД по историскиот успех: Добивме мандат за „епохални промени“

А1он

Мерц веќе прогласи победа на изборите во Германија

А1он

Објавени се првите излезни анкети од изборите во Германија – Демохристијаните се во водство

А1он

Шолц ги повика Германците да гласаат

А1он

Мерц оптимист пред изборите во Германија: Левицата е готова

А1он