И АстраЗенека се соочува со застој во производството, ќе доцни испораката на вакцините

Од:

Британската компанија АстраЗенека денеска соопшти дека почетните испораки на вакцината против коронавирус за земјите од ЕУ, која е развиена со Оксфордскиот универзитет, ќе бидат помали од предвиденото поради застој во производството.

– Почетните количества ќе бидат помали отколку што беше првично предвидено поради намалените приноси на местото на производство во рамки на нашиот европски синџир на снабдување, порача портпарол на британската компанија во писмено соопштение, одбивајќи да даде повеќе детали.

Тој додаде дека компанијата ќе им достави на државите од ЕУ десетина милиони дози во февруари и март, кога ќе продолжи да го зголемува обемот на производството.

Вакцината на АстраЗенека и Оксфордскиот универзитет би требало да добие дозвола за употреба во ЕУ до крајот на овој месец.

Би можело да ве интересира

Шокантна изјава од АстраЗенека: Не беше работа на компанијата да се занимава со ковид вакцина

Предраг Петровиќ

Европската агенција за лекови ја препорача адаптираната бустер вакцина на Фајзер

Русија разви вакцина против новите варијанти на коронавирусот

Катерина Ѓуровски

Германец примил 87 вакцини против ковид

ЕУ одобри третман со лекот Сафнело на Астра Зенека за лица со лупус

Ана Ололовска

Војската на САД работи на моќна супер-вакцина против коронавирус