Хутите предупредуваат дека саудиски „Арамко“ се уште е цел

Од:

Јеменските бунтовници Хути, кои презедоа одговорност за нападот на саудиската постројка за производство на нафта „Арамко“, денеска предупредија дека таа постројка се уште е цел и оти може повторно да биде нападната.

Наведувајќи дека постројката, која во саботата претрпе голема штета во напад со дронови, во секој момент може повторно да биде нападната, Хутите ги предупредија странците да го напуштат тој дел на Саудиска Арабија.

Нападите на постројките на „Арамко“ биле извршени со дронови со нормални и џет мотори, напиша портпаролот на јеменските Хути на Твитер и ја повика Саудиска Арабија да ја прекине агресијата и блокадата на Јемен.

Би можело да ве интересира

Јеменските сили се судрија со американски воени бродови во Црвеното Море

САД го бомбардира Јемен, Хутите му се одмаздуваат на Израел

Тревога во Израел: Војската „пресретна“ проектил истрелан од Јемен

Новинарите мораа да го напуштат хотелот за време на американско-руските преговори

Израелската војска пресретна две ракети од Јемен

Во вторник во Саудиска Арабија ќе се одржат американско-украински разговори