Јеменските бунтовници Хутите денеска соопштија дека извршиле напад врз Обединети Арапски Емирати, откако властите во ОАЕ пријавија два пожара во Абу Даби најверојатно предизвикани од беспилотни летала.
Полицијата во главниот град на ОАЕ, Абу Даби соопшти дека три камиони цистерни експлодирале во индустриската област во близина на складиштата на нафтената компманија АДНОЦ, како и дека имало пожар на градилиштето на Мешународниот аеродром во Абу Даби.
Се уште не е пријавена штета од нападите.
Портпаролот на Хутите изјави дека групата покренала операција против ОАЕ.
Јемен е најсиромашна арапска земја, во која од 2015 година има граѓанска војна. Во конфликтот досега загинаа над 100 илјади луѓе, инфраструктурата е уништена и се создаде најголемата хуманитарна криза во светот. Во конфликтот во Јемен, Хутите, кои се шиитска секта, го контролираат главниот град Сана и голем дел од северот и западот на земјата, додека јеменската Владата има поддршка од Саудиска Арабија, а постојат и сецесионистички движења на југот на земјата.
Извор: МИА