А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Свет

Хутите извршија масовен воздушен напад врз Израел

by А1он10/07/2025 - 14:5010/07/2025 - 14:51680
Share0

Милиони Израелци избегаа во засолништа откако Израелските одбранбени сили (ИДФ) пресретнаа ракета лансирана од Јемен, среде повторени напади на Хутите врз регионалните водни патишта.

Добивај вести на вибер

Рано утрово низ централен Израел и областа на Ерусалим се огласија сирени за воздушен напад откако ракета беше лансирана од Јемен, принудувајќи милиони луѓе да бегаат барајќи засолниште.

Израелските одбранбени сили (ИДФ) подоцна потврдија дека ракетата била успешно пресретната од страна на израелските воздухопловни сили.

Ова беше првото предупредување издадено низ целиот Израел од крајот на војната со Иран, а второто во Ерусалим.

Маген Давид Адом рече дека нема извештаи за жртви. По лансирањето на ракетата, полетувањата и слетувањата на аеродромот Бен Гурион беа прекинати, но продолжија кратко потоа.

Високиот функционер на Хутите, Наср ал-Дин Амер, напиша на платформата X по лансирањето на ракетата дека „нема безбедност за ционистите и операциите ќе продолжат сè додека не престане агресијата и не се укине блокадата на Газа“.

Инцидентот следеше по обновените напади од страна на јеменските бунтовници поврзани со Иран, кои продолжија да ги таргетираат бродовите по клучните трговски патишта меѓу Азија и Европа.

hutiizraeljemen

Би можело да ве интересира

Аракчи: Иран сега е во подобра ситуација отколку во војната со Израел

Горан Наумовски23/02/2026 - 09:20

Израелските одбранбени сили тврдат дека е уништен командниот центар на Хамас што се користеше за напади врз Израел

Горан Наумовски20/02/2026 - 21:04

Иранската телевизија објави „листа за отстрел“ на израелски функционери

Горан Наумовски13/02/2026 - 14:18

Смрт и разурнување во Газа: Девет жртви, вклучително и деца

Горан Наумовски04/02/2026 - 22:24

Израел врши притисок врз САД да го нападнат Иран

Горан Наумовски03/02/2026 - 21:38

Замир: САД би можеле да го нападнат Иран за две недели

Горан Наумовски02/02/2026 - 06:46
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен