Хунтата во Тајланд вети исплата на субвенциите за производителите на ориз

Од:

Во Тајланд од денеска треба да започне исплатата на државните субвенции за производителите на ориз, а воената хунта соопшти дека оваа финансиска операција, која буџетот ќе го чини над три милијарди долари, ќе заврши за еден месец.

Субвенциите за производителите на ориз, што во 2011 година ги воведе сега сменетата премиерка Шинаватра, станаа централна политичка тема меѓу властите и опозицијата.

Шемата според која производителите треба да добијат окоу 15 отсто од вредноста на тајландскиот БДП, во март годинава Уставниот суд ја прогласи за незаконска, обвинувајќи ја Шинаватра за негрижа за државниот буџет.

Обидите на сега сменетата тајландска Влада да обезбеди доволно средства за субвенции за производителите на ориз, покрај другото, придонесоа за голем пад на цената на оризот на светскиот пазар.

Тајланд, кој е втор по големина производител на ориз, има над 50 милиони тони непродаден ориз. Против субвенциите најгласни се претставниците на средната класа и ројалистите, кои политиката за поддршка на малите оризопроизводители ја прогласија за популистичка мерка со која Шинаватра сака да си обезбеди поддршка на руралното население.

Водачите на хунтата ги задолжија службите во министерството за финансии, Банката на Тајланд и неколку државни агенции да направат стратегија на натамошната политика за производство и продажба на ориз. Се претпоставува дека првиот чекор ќе бидат меѓународни аукции, а ќе се направи обид да се постигнат и повеќе меѓувладини договори за директна продажба.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Питон со часови давеше жена во Тајланд, полицијата шокираше од глетката

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Мајмуни „окупираа“ тајландски град, властите почнаа лов

Тројца Хрвати се повредени во сообраќајна несреќа во Тајланд

Горан Наумовски

Експлозија во фабрика за огномет во Тајланд: Најмалку 23 лица загинаа

ВИДЕО: Во експлозија на магацин со пиротехнички материјали на Тајланд има 12 мртви

Катерина Ѓуровски

Германски бизнисмен крвнички е убиен, бил мачен, а потоа и распарчен, неговото тело e пронајдено во замрзнувач