Хунтата во Тајланд приведе познат новинар

Од:

Еден од највлијателните тајландски новинари, колумнистот Правит Роџанпрук рано денеска е приведен од страна на армијата во Бангкок.

На неколкуте колеги собрани пред влезот на армиската команда Правит им порача да се борат за вистината која, како што рече, ќе помогне народот во Тајван да ја продолжи борбата за слобода и демократија.

Воената хунта во Тајланд, според локалните медиуми, до сега има приведено околу 200 лица. Покрај членовите на соборената влада и директори на државни агенции има приведено и десетина академици и професори на универзитети.

Ако во меѓувреме Хунтата не промени нешто во актуелниот закон за воена управа, притворените, меѓу кои е и доскорешната премиерка Шинаватра, треба да бидат ослободени најмногу седум дена по приведувањето.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Питон со часови давеше жена во Тајланд, полицијата шокираше од глетката

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Мајмуни „окупираа“ тајландски град, властите почнаа лов

Тројца Хрвати се повредени во сообраќајна несреќа во Тајланд

Горан Наумовски

Експлозија во фабрика за огномет во Тајланд: Најмалку 23 лица загинаа

ВИДЕО: Во експлозија на магацин со пиротехнички материјали на Тајланд има 12 мртви

Катерина Ѓуровски

Германски бизнисмен крвнички е убиен, бил мачен, а потоа и распарчен, неговото тело e пронајдено во замрзнувач