Хунтата во Тајланд почна да ги пушта притворените политичари

Од:

Портпаролот на воената хунта во Тајланд денеска соопшти дека ќе се почитува законот за воена состојба во државата според кој, без исклучок, оние што се приведени поради сослушување мора да бидат ослободени најмногу една недела по приведувањето.

Меѓу вчера приведените се и досегашната премиерка Шинаватра, голем број нејзини министри и директори на државни агенции, како и водачите на про и анти владините демонстрации што започнаа во ноември минатата година. Од притворот армијата почна да ги ослободува заточените.

Прв дома си заминал еден од водачите на опозицијата, поранешен премиер, Абшит Веџајива, кој докажал дека нема директно влијание во нередите.

Воената хунта соопшти дека приведените се сместени во луксузни објекти и имаат забрана за меѓусебно комуницирање.

Портпаролот на хунтата додал дека премиерката Шинаватра, која доброволно се одзвала на повикот за сослушување, дошла со приватен блиндиран автомобил и дека ќе и биде дозволено со истиот автомобил да си замине.

На списокот на воените власти за сослушување има уште 35 лица кои не се пријавиле сами, или не биле приведени. За нив е издаден ултиматум според кој, ако до крајот на денот не се пријават, ќе бидат уапсени.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Питон со часови давеше жена во Тајланд, полицијата шокираше од глетката

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Мајмуни „окупираа“ тајландски град, властите почнаа лов

Тројца Хрвати се повредени во сообраќајна несреќа во Тајланд

Горан Наумовски

Експлозија во фабрика за огномет во Тајланд: Најмалку 23 лица загинаа

ВИДЕО: Во експлозија на магацин со пиротехнички материјали на Тајланд има 12 мртви

Катерина Ѓуровски

Германски бизнисмен крвнички е убиен, бил мачен, а потоа и распарчен, неговото тело e пронајдено во замрзнувач