Воената хунта во Тајланд денеска со кауција го пушти да се брани од слобода водачот на антивладините протести Сутеп Таугсубан.
Лидерот на опозицијата Таугсубан требаше да одговара и пред редовниот суд, бидејки е обвинет за убиство на политички ривали во 2010 година, но неговите адвокати успеваа да го одлагаат судењето.
Од како беше ослободен од армиското заточеништво, Таугсубан и 24 негови блиски соработници, кои беа приведени минатиот четврток, во придружба на војници беа одведени пред редовниот Криминален суд.
Во меѓувреме нивните адвокати обезбедиле судска одлука за одлагање и уплатиле кауција од 600.000 тајландски бахти (околу 20.000 долари), а Таугсубан потпишал изјава дека нема да ја напушта државата.
Претходно денеска од притвор беше ослободена и поранешната тајландска премиерка Јинглук Шинаватра.