Поради закана од интервенција од соседните земји, воздушниот простор на Нигер ќе биде затворен најмалку до недела, а сите авиони кои досега прелетуваа преку земјата ќе бидат пренасочувани, се вели во соопштението на новите власти.
„Секој обид за нарушување на нашиот воздушен простор ќе наиде на енергичен и итен одговор од наша страна“, се вели во соопштението.
Најавата за воена интервенција во Нигер дојде откако откако истече рокот од западноафриканскиот блок ЕКОВАС за да ја вратат власта на демократски избраниот претседател Мохамед Базум. ЕКОВАС минатата недела им постави ултиматум на новите воени власти на Нигер да се откажат во текот на неделата или ќе се соочат со можна воена интервенција.Од друга страна пак властите на Буркина Фасо, Мали, Алжир и Гвинеја се обврзаа да го бранат Нигер во евентуален конфликт на црниот континент.
Западноафриканските лидери се закануваат со воена интервенција на пучистите во Нигер
Инаку, претседателот на Нигер, Мохамед Базум, беше соборен на 26 јули кога членовите на неговата сопствена гарда го приведоа во претседателството.