Од почетокот на овој месец, по налог на воената хунта, од Тајланд присилно се депортиран над 100.000 илегални, но и легално влезени, државјани на Камбпџа.Во петокот биле вратени околу 40.000, а во саботата 35.000 ксмбпџанци, а депортацијата продолжува.
Камбоџанската влада обезбеди над 500 автобуси и воени камиони за да ги пренесе депортираните во нивните места. Од Пном Пен до Бангкок е испратен и официјален протест поради нехуманиот третман кон луѓето што тајландските власти ги собираат и депортираат. Црвениот крст и неколку меѓународни организации се грижат протераните да добијат барем минимални количества храна и вода, а се обезбедува и медицинска помош.
Бранот на депортација нема да запре, бидејки во Тајланд има најмалку 200.000 државјани на Камбоџа, од кои легално работат околу 80,000. Илегалците најмногу работат на фармите за ракови и на плантажите за ориз.
Повеќе европски медиуми пред неколку дена објавија дека камбоџанските работници, ама и голем број тајландски државјани, на фармите работат како да се робови. Поради тоа, како прв чекор, најголемите трговски синџири од Велика Британија, Франција и Германија најавија бојкот на производите од фармите за ракови во Тајланд.