Висок функционер на тајландската хунта, генерал-полковникот Рудит, денеска соопшти дека Националниот Совет за ред и мир, како што себе си се нарече армискиот врв кој на 22 мај изврши државен удар, има намера набрзо да го укине законот за вонредна состојба во Тајланд. Според генералот Рудит, оваа одлука ќе ја донесе новиот премиер на преодната влада.
Преоден премиер, кој треба да управува со државата најмалку до октомври идната година, ќе го назначи Националното Законодавно Собрание, орган што формално се конституира денеска, а кој од утре ќе започне да носи одлуки. На свеченоста по повод конституирањето на новата законодавна асамблеја на Тајланд присуствуваше тајландскиот крал, кој инаку ретко се појавува во јавноста.
Според сите прогнози, нов премиер на Тајлан, иако со титула преоден, ќе биде сегашниот шеф на воената хунта, генералот Прајат Кан-ока.