Huawei потврди дека работи на модел кој би можел да се натпреварува со Galaxy Note II моделот.
Уредот, според постариот раководител на компанијата Јуа Ченгдонг, ќе поседува 6,1-инчен full HD 1080p дисплеј како и 1.8GHz quad-core процесор со 2GB RAM меморија кој би бил производ на Huawei.
Сепак, Ченгдонг не сакаше да открие повеќе детали за новиот уред, но треба официјално да биде претставен во јануари 2013 година.