HTC и Apple објавија прекин на судските спорови и продолжување на работата за надминување на неразбирањата, но надвор од судската ингеренција.
HTC рече дека во таа компанија се среќни што ќе можат да се посветат на развојот и иновациите, наместо на судските парници.
Од друга страна, компанијата Apple во своето соопштение за медиумите наведе дека и е мило поради договорот со компанијата HTC и дека се концентрираат на идни производни проекти со големо задоволство.
HTC своевремено имаше сериозни проблеми поради тужбата на Apple компанијата. Поради нив едно време увезувањето на HTC телефони во Америка беше потполно забрането, а компанијата мораше да го менува и софтверот Android, за да не ги крши патентите на американската компанија.