HTC го претстави 4-јадрениот DROID DNA

Од:

На HTC настанот во Њујорк компанијата го претстави новиот смартфон DROID DNA со четири-јадрен процесор и 5 инчен дисплеј.

DROID DNA нуди слични перформанси како HTC J Butterfly – 5 инчен 1080p S-LCD3 дисплеј, Snapdragon S4 Pro чипсет и Krait процесор на 1,5GHz, Adreno 320 графичка и 2GB RAM меморија.

Има 8 Мегапикселна задна камера со блиц и можност за правење видеа со резолуција од 1080p и предна камера од 2 МП, Bluetooth 4.0, Beats Audio и внатрешна меморија од 16GB која за жал не се проширува.

DROID DNA го напојува батерија од 2020 mAh која се полни безжично.

DROID DNA работи на Android 4.1 Jelly Bean заедно со HTC Sense 4+ интерфејсот. Телефонот, во САД, ќе чини 200 евра во двегодишен договор.

Би можело да ве интересира

„Легион плеј“ – нова рачна конзола на „Леново“

Ана Ололовска

Сметководителите ќе исчезнат, ќе бидат заменети со роботи

Ана Ололовска

„Нинтендо“ го претстави новиот „Свич ОЛЕД“

Ана Ололовска

„Уан-Плус“ го претстави поевтиниот модел „9-Р“

Ана Ололовска

Банка во Сингапур воведе технологија за препознавање лица, за услугите со банкомат

Ана Ололовска

Ако машините завладеат со светот, на маицата напишете „Робот“

Ана Ололовска