Хрватските фудбалски навивачи дивееја по цела Европа

Од:

Само неколку часа откако хрватската репрезентација испадна од европското фудбалско пренство со поразот од Шпанија, хрватските навивачи во Мостар се судрија со полицијата.

За да ги растера подивените навивачи, босанската полиција употреби и солзавец. Според порталот bljesak.info околу 23 часот група од 200 млади се соочиле со специјалците. Хулиганите мавале по полицијата со се што им дошло при рака, а полицијата немала друг избор освен да ги растера со солзавец. Приведени се седум лица, а повредени се неколку полицајци. Хулиганите буквално го демолирале Шпанскиот плоштад, кој бил обновен неодамна.

Според пишувањата пак на српскиот Ало, група од пет- шест навивачи вчера во Виена, нападнале српски државјанин. Полесно повредени се Миодраг Јовановиќ и неговиот син.

Според кажувањата на Јовановиќ, тој и неговиот син вчера се шетале низ Виена. Неговиот син на себе носел дрес на Црвена Звезда. Во еден момент им пришле група млади луѓе, Миодраг го удриле прво со палка а потоа со тупаници и клоци го тепале додека тој лежел беспомошно на земја. На неговиот малолетен син, му го соблекле дресот, го фрлиле на земја и уринирале врз него.

Навивачите на Хрватска, проблеми направиле и во швајцарскиот град Лузерн, каде заедно со швајцарските и италијанските навиачи го гледале јавниот пренос. Но, според тамошните медиуми, кога хрватите, околу 300 на број, сфатиле дека им „бега“ четврт финалето, почнале со столови и маси да маваат по шпанските и италијанските навивачи.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Жедната страна на ЕУРО 2012

Ана Ололовска

Балотели заслужува неколку шлаканици

Ана Ололовска

Шпанскиот крал ги пречека европските шампиони

Ана Ололовска

Пред натпреварот со Германија, Балотели ја чул најдобрата вест во животот!

Ана Ололовска

Бакнеж за насловна страна

Ана Ололовска

ФОТО: Како се славеше победата на Шпанија

Ана Ололовска