Хрватска почесен гостин на дефилето во Париз

Од:

Традиционалното дефиле за националниот празник на Франција, 14 јули, започна изутринава нешто по 10 часот на Елисејските полиња во присуство на бројна публика, јави дописникот на МИА од Париз.

Воената парада започна со смотрата на трупите под Триумфалната порта од страна на претседателот Франсоа Оланд, кој потоа придружуван од Републиканската гарда се спушти низ Елисејските полиња до плоштадот Конкорд каде се наоѓа свечената трибина.

france-bastille-day-nj-09.photoblog900

По кратката уметничко-воена програма со поминувањето на авионите алфаџет на Патролата на Франција започна дефилето. За прв пат над Париз прелета и првиот европски транспортен авион А400, придружуван од француски, германски и дански авиони, присуството на данските, белгиските и германските авиони е поради нивната логистичка поддршка за време на интервенцијата во Мали.

Франција годинава посебна почит им оддаде на своите војници кои учествуваа во мисијата „Сервал“ во Мали, исто како и на африканските трупи од повеќе земји од Африка кои зедоа учество во воената операција против исламистичките вооружени банди.

francijabastille-day

Покрај дефилето на француско-германските трупи, на Елисејските полиња продефилира и единица на хрватската армија, составена од сите нејзини родови под знамето на Хрватска и очигледно презадоволниот престедател на Хрвастка Иво Јосиповиќ, на која и беше оддаена почит како нова земја членка на ЕУ. На почесната трибина во Париз се најде и Генералниот секретар на ООН Бан Ки Мун.

Би можело да ве интересира

Ломбард: Европските трупи се спремни да заминат во Украина

Трагедија во Париз: Тинејџерка фрли бебе од прозорец по породувањето

Франција: Едно лице загина, а неколку се повредени во Мулхаус, Макрон тврди дека станува збор за „исламистички тероризам“

Макрон: Франција нема да испрати копнени трупи во Украина

Макрон итно ги собира европските лидери на самит за Украина

Катерина Ѓуровски

Првите француски ловци Мираж 2000 пристигнаа во Украина