Хрватска смета дека Иран има право да ја користи нуклеарната програма за енергетски цели, изјави денеска во Загреб претседателот на хрватскиот Парламент Јосип Леко на средба со иранскиот колега Али Лариџани, кој пристигна во дводневна официјална посета во Хрватска.
Леко го поздрави воспоставувањето дијалог меѓу Иран и меѓународната заедница, особено со САД.
– Хрватска во принцип смета дека Иран има право да ја користи нуклеарната програма за енергетски цели, пишува во соопштение на парламентарната прес-служба.
– Важно е да се изгради доверба од страна на меѓународната заедница кон нуклеарната програма на Иран, што ќе помогне и за изградба на поблиски односи меѓу Хрватска и Иран во сите сфери, истакна Леко.
Претседателот на иранскиот Парламент изразил надеж дека проблемот, поврзан со нуклеарната програма ќе најде политичко решение и истакнал дека нема причина за тревога.