Хронологија: Најсмртоносни земјотреси во Авганистан во последните две децении

Од:

Најмалку 950 лица досега се водат како загинати во денешниот најсмртоносен земјотрес во Авганистан во последните две децении, соопштија властите.

Оваа земја има долга историја на земјотреси, од кои повеќето се случија во планинскиот регион Хинду Куш, што се граничи со Пакистан.

Бројот на жртви често беше поголем поради оддалеченоста на местата погодени од земјотресите, додека децениската војна ја остави инфраструктурата во лоша состојба.

Британските медиуми го објавија списокот со земјотресите од изминатите две децении во кои се забележани сто или повеќе жртви, а е изготвен со САД.

Хинду Куш, 1991 година.

Во земјотресот во Хинду Куш загинаа 848 лица од Авганистан, Пакистан и Советскиот Сојуз.

Кајен, 1997 година.

Земјотресот со јачина од 7,2 степени според Рихтеровата скала на границата меѓу Авганистан и Иран остави повеќе од 1.500 жртви во двете земји, додека повеќе од десет илјади домови беа целосно уништени.

Тахар, февруари 1998 година.

Во земјотресот во оддалечената североисточна провинција Тахар загинаа повеќе од 2.300 лица, а според некои проценки бројот на жртвите достигнаа и 4.000.

Два земјотреси во Хинду Куш, 2002 година

Вкупно 1.100 луѓе загинаа во двата земјотреси во Хинду Куш во март 2002 година.

Хинду Куш, 2015 година

Земјотресот со јачина од 7,5 степени според Рихтеровата скала е еден од најголемите регистрирани во историјата на Авганистан, а во земјата, како и во соседните Пакистан и Индија беа регистрирани 399 жртви.

Би можело да ве интересира

Девет деца загинаа откако експлодираше нагазна мина во Авганистан

Силен земјотрес го погоди Авганистан

Османи на дискусија за поддршка на бранителите на демократијата од Авганистан: Македонија покажа одговорност кога тоа беше најпотребно

Орце Костов

Нов силен земјотрес го погоди западниот дел на Авганистан

Силен земјотрес е регистриран во Авганистан, на границата со Таџикистан

Силен земјотрес го погоди Авганистан