Храна која што им е омилена на светските лидери

Од:

На масата на која што треба да вечера британската кралица Елизабета II, освен школки не смее да има ништо друго што доаѓа од морето, а пред американскиот претседател Барак Обама не треба да се поставува зеленчук кој има црвена боја, бидејќи тој едноставно не го поднесува, пишуваат светските медиуми.

Ова е најомилената и храна која што не ја сакаат светските лидери, како актуелните така и поранешните.

Барак Обама

Barack Obama

Доколку му дадете хот дог на американскиот претседател, тој ќе биде среќен како дете. Но нема да поминете добро ако пред него изнесете цвекло, бидејќи тој не сака ниту да го замисли зеленчукот со црвена боја.

Кралица Елизабета

elizabeta-kralicata-brit

Нејзиното величество, освен школките, го мрази се она што доаѓа од морето, но затоа е голем љубител на џемови. Белиот леб, путер и џем се нејзиното омилено јадење.

Џорџ Буш

bushIzlozba (4)

Овој поранешен претседател на САД толку ја мрази брокулата, што ја забранил во Белата куќа, но и во американските воздухопловни сили.

-Ги мразам брокулите уште откако мајка ми како мал ме тераше да ги јадам. Сега сум претседател на САД и не сакам повеќе да јадам брокули- рече Буш во една пригода, додека беше на функцијата претседател.

Ким Џонг Ун

kimJongumRaka

Севернокорејскиот лидер толку многу го сака сирењето „ементалер“, што испрати група свои експерти во францускиот град Бесанкон, за да студираат индустриско производство и еден ден „ементалер“ да произведуваат во Северна Кореја.

Никола Саркози

sarkozi-prst

И покрај тоа што француското сирење има безброј обожаватели, поранешниот француски претседател не е еден од нив.Тој ги исфрли од менито во Елисејската палата.

Папа Франсис

papa-francisk-19-mart

Римокатоличкиот поглавар сака едноставна храна, а пред да стане папа сам си ги подготвувал јадењата.

Тој се уште се држи до традиционалната кујна, а повремено знае да се почести со „багна кауда“, оброк направен од печен морков, целер, артичока полеана со лук и маслиново масло.

Принц Чарлс

Британскиот принц е доста избирлив, кога е во прашање појадокот. Тој секојдневно пие свежо исцеден сок и јаде овошје. Но на неговата маса има и шест видови на мед.

Владимир Путин

putin-18juli

Поради страв да не биде отруен, рускиот лидер има човек кој ја дегустира храната пред него.

Роналд Реган

Овој некогашен американски претседател толку многу ги сакал желе бонбоните, што на неговата инаугурација во 1981 година се послужени дури 3,5 тони. Тој на масата во својата канцеларија секогаш имал чинија со желе бонбони.

-Многу може да дознаете за нечиј карактер доколку човекот зема само една боја од бонбоните или на пример си ја полни шаката- велеше тој.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Австралија не се наоѓа таму каде што сите мислат

Емир Латифовиќ

Дали животните можат да предвидат земјотрес?

Емир Латифовиќ

Сопственикот на „Зара“ Амансио Ортега го симна Бил Гејтс од тронот како најбогат човек на светот

Емир Латифовиќ

218 години од првиот скок со падобран

Емир Латифовиќ

Петнаесет работи кои ги предвиде Бил Гејтс во 1999 година

Емир Латифовиќ

На денешен ден

Емир Латифовиќ