Хованец: Ние нема да ги полеваме со бензин бегалците туку сакаме да спречиме нелегална трговија со нив

Од:

Чешка подготвува Измени и дополнувања на Законот за азил, кои според министерот за внатрешни работи Милан Хованец ќе ги спречат активностите на организациите кои профитираат од судбината на бегалците, јави дописникот на МИА од Прага.

– Ние секако не сме поддржувачи на тоа да ги полеваме со бензин бегалците и да ги оптеретуваме повредените и инвалидите, туку сакаме да ги казниме активностите кои му претходат на организираниот криминал, изјави Хованец на парламентарната седница на која се разгледуваат Измените на тој Закон.

Според Хованец, луѓето кои во изминатите недели во неколку илјадни бранови доаѓаат на бродовите до јужна Европа, во најголем дел се економски емигранти кои ја напуштаат земјата со визија за подобро утре. Тој смета дека примарно е во рамки на таа проблематика да се оневозможи трговијата со луѓе, кои најчесто ја организираат криминалци регрутирани од исламистички групи.

На стариот континент обично стигнуваат без да бидат регистрирани на граничните премини, за што државите како Италија и Грција добиваат средства од Европската унија и според чешкиот министер за внатрешни работи треба да се дебатира за тоа дали овие средства се доволни.

Чешка се подготвува да предложи можна помош на тие земји и тоа во средства за купување на хотелски капацитети во областите каде има прилив на бегалци за да можат да престојуваат во достоинствени услови.

Според предложените Измени се предлагаат заштитни мерки против повеќебројни барања за азил, кои подоцна преминуваат во постојан престој, а предложени се и предности за барања кои ги поднесуваат деца или инвалидизирани лица.

Министерот за внатрешни работи го повтори ставот на чешката Влада дека не прифаќа задолжителни квоти изразени во проценти за прием на бегалци предложени од ЕУ, туку сака да помага на доброволна основа.

Би можело да ве интересира

Во близина на село Табановце затекнати 13 мигранти од Сирија

Јанша за мигантската криза: Ѓаволот ја однесе шегата, вооружете се

Предраг Петровиќ

Двајца бугарски полицајци загинаа откако автобус со илегални имигранти удрил во нивниот автомобил

А1он

Судија од Тексас ја блокираше наредбата на Бајден, САД можат да продолжат со депортација на имигранти

Жарко Настоски

Бајден со укази ја запира агонијата на разделените семејства од Латинска Америка

Жарко Настоски

Тимот на Бајден планира да спречи депортација на милион имигранти од Хондурас и Гватемала

Жарко Настоски