Африканската традицијата на обрежувањето на жените е раширена низ целиот свет меѓу имигрантите, и запрепастувачки е фактот што ваквиот хорор се уште случува во една од најразвиените земји во Европа, Германија каде што се уште нема закон за забрана.
Според верувањето секое родено девојче мора да биде „оперирано“ уште до својата 4-та година. Многу груба и непријатана постапка, непрофесионално изведена која значи отстранување на клиторисот и други делови на надворешните женски гениталии.
„Операциите“ се изведуваат без анестезија, во нехумани услови и со ‘рѓосани жилети, па најчесто се проследени со последици од инфекција, доживотна болка, цисти и психолошки проблеми.
Иако во многу земји постои соодветен закон со кој строго се забранува ваквотот осакатување и казнување на женското поколение, во Германија се уште не се усвоени таквите мерки.
Суров пракса за семејствата од африканско потекло се применува без разлика каде живеат.
Франција донесе закон за забрана и обрежување на девојчињата. Родителите кои ќе бидат фатени дека го извршиле ваквиот чин се соочуваат со казна затвор до 30 години и протерување од земјата.
Според статистичките податоци 6.000 девојчиња дневно се обрежуваат, а во светот живеат 157 милиони жени кои ги трпат последиците од овој традиционален обред.
Внимание: Видеото има вознемирувачка содржина.