Ураганите Ета и Јота, кои го уништија поголемиот дел од Централна Америка минатиот месец, предизвикаа штета од 10 милијарди долари во Хондурас, изјави шефот на дипломатијата на таа држава, Лисандро Росалес.
За време на неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на Европската унија, Јужна Америка и Карибите (ЕУ27 – ЛАЦ), Росалес повика на меѓународна помош за обнова на Хондурас, објавија локалните медиуми.
Виртуелната средба беше организирана од Берлин од германскиот министер за надворешни работи, Хајко Мас, а состанокот го водеше шефот на дипломатијата на ЕУ, Жосеп Борел.
Ураганите Ета и Јота предизвикаа катастрофални поплави низ цела Централна Америка во интервал од две недели минатиот месец.