Десетина хомосексуални двојки се венчаа на Нов Зеланд – прва азиско-пацифичка и дури 14-та земја во светот која ги легализираше хомосексуалните бракови по стапувањето на сила на изменетиот Закон за бракови.
Судбоносното „да“ двојките го кажаа на различни места, од авион на висина од 9.150 метри до старо купатило, јавуваат локални медиуми.
Амандманот на Законот за брак, Парламентот го усвои во април, но тој денеска стапи на сила.
Две радио станици се натпреваруваа да бидат домаќини на првата геј венчавка, а церемонијата во живо ја емитуваа во утринската програма.