Холанѓаните сметаат дека другите луѓе премногу им се доближуваат

Од:

Според едно истражување во Холандија повеќето луѓе во оваа земја веруваат дека и покрај мерките за социјално ( физичко) дистанцирање, наметнати заради пандемијата на коронавирусот, другите луѓе им се приближуваат повеќе отколку што е потребно, особено во супермаркетите и на работното место.

Како дел од планот за ублажување на рестриктивните мерки, холандските власти им наредија на своите сограѓани да одржуваат физичко растојание од 1,5 метри едни од други, со исклучок на оние кои живеат во исто домаќинство.

Според порталот Nltimes.nl, истражувањето било спроведено од здравствените власти на Холандија за да се испита што мислат жителите во земјата на лалињата за мерките на социјално дистанцирање и колку се придржуваат кон тие правила.

Од 90.000 испитаници, дури 83 отсто кажале дека социјалното растојание се смета за неопходно, еден од четворица испитаници во анкетата кажал дека има потешкотии да се придржува кон правилото, три четвртини изјавиле дека забалежале дека тие мерки во супермаркетите не се почитувани од сите, додека две третини го кажале истото за нивните работни средини.

„Ова покажува дека треба добро да размислиме за тоа како дистанцата од 1,5 метар од хартија ќе ја воведеме во пракса“, изјави еден од истражувачите, истакнувајќи дека со враќањето на работните места и повторното отворање на рестораните, тоа ќе биде доста голем предизвик.

Би можело да ве интересира

Напад во Ротердам: Едно лице е убиено, а друго тешко рането во холандскиот пристанишен град

Холандија и донира на Украина 24 авиони Ф-16, може да ги користи за цели во Русија

Катерина Ѓуровски

Холандија е дисквалификувана од Евровизија

Холандскиот непријател број еден по грешка е ослободен од затвор

Горан Наумовски

Холанѓанец ја тужи државата и полицијата бидејќи го ставиле на списокот на потенцијални терористи

Холандија и дава уште 400 милиони евра на Украина