Холандските власти заробиле „богатство“ во текот на меѓународен „лов“ по даночни измамници

Од:

Холандските истражни власти соопштија денеска дека во една широка, меѓународна истрага против даночни измами и неплаќање данок, заробиле уметнички слики, златни прачки, скапи автомобили, накит и пари.

Во оваа операција биле уапсени и две лица, од кое едното во Хаг, но не се соопштува нивниот идентентит и не се открива што и каде работеле.

Според соопштението на холандските власти, операцијата која била координирана заедно со даночните управи на Велика Британија, Германија, Франција и на Австралија, била покрената откако Холанѓаните добиле известување за 55 илјади сомнителни сметки и записи во една швајцарска банка.

Властите во Холандија одбиваат да откријат за која банка станува збор.
Во меѓувреме, банката „Креди Свис“ соопшти денеска дека нејзините филијали во Лондон, Париз и Амстердам биле посетени од оперативци на локалните даночни власти кои се интересирале за данокот и за состојбата со плаќање данок, поврзани со клиенти на банката.

Холандија потврди дека се истражуваат 3200 холандски сметки во банката, додека Австралија откри дека засега истрага се води за 340 Австралијанци кои биле поврзани со сметки во банката чиј идентитет не се открива.

Би можело да ве интересира

Холандскиот непријател број еден по грешка е ослободен од затвор

Горан Наумовски

Холанѓанец ја тужи државата и полицијата бидејќи го ставиле на списокот на потенцијални терористи

Холандија и дава уште 400 милиони евра на Украина

(ВИДЕО) Заложничка криза во бар во Холандија: Ослободени тројца заложници

Орце Костов

(ВИДЕО) Драма во Холандија: Луѓе заробени во кафуле, наредена итна евакуација

Судир меѓу полицијата и семејствата на исчезнатите во Ротердам: Уапсени двајца мажи