Холандските власти истражуваат наводи за малтретирање во армијата

Од:

Холандското Министерство за одбрана соопшти дека води истрага во врска со тврдењата на тројца војници дека биле жртви на вознемирување, малтретирање, тепање, па дури и силување од страна на нивните старешини.

Војници велат дека во 2014 година ја напуштиле својата единица во Схарсберген, откако биле малтретирани од страна на подофицери.

Еден од војниците, кој неодамна се обидел да изврши самоубиство, пред две недели поднесе претставка до воената полиција за нанесување повреди, малтретирање, вознемирување, употреба на дрога, трговија со луѓе, кражба на муниција и носење оружје забрането за воениот персонал во касарната. Како резултат на тоа, воената полиција започна истрага.

Според холандските медиуми, тој тврди дека воени лица уринирале врз еден од војниците и извршиле силување.

Министерството за одбрана казни четири војници во врска со случајот.

– За одбраната, многу е важно да им се даде потребната поддршка на колегите, изјави државната секретарка за одбрана Барбара Висер и додаде дека е шокирана од сведочењата.

Министерството за одбрана ги повика војниците и цивилите да го пријават секој случај на злоупотреба и да поднесат жалба до воената полиција.

– Дискриминацијата, заплашувањето и секое однесување што ги надминува нормите, е целосно неприфатливо и неспоиво со армијата, нагласи Висер.

Би можело да ве интересира

Холандскиот непријател број еден по грешка е ослободен од затвор

Горан Наумовски

Холанѓанец ја тужи државата и полицијата бидејќи го ставиле на списокот на потенцијални терористи

Холандија и дава уште 400 милиони евра на Украина

(ВИДЕО) Заложничка криза во бар во Холандија: Ослободени тројца заложници

Орце Костов

(ВИДЕО) Драма во Холандија: Луѓе заробени во кафуле, наредена итна евакуација

Судир меѓу полицијата и семејствата на исчезнатите во Ротердам: Уапсени двајца мажи