Холандскиот суд побара од Владата да ги интензивира мерките против загадувањето на воздухот

Од:

Холандскиот суд побара од Владата да преземе итни мерки за ограничувањето на загадувањето на воздухот, бидејќи штетните емисии во различни делови на земјата ги нарушуваат европските норми.

Случајот во судот беше поднесен од страна на еколозите, а ова е нивна втора победа во судска битка против намерното, според нив, дејствување на властите за загадувањето и климатските промени.

Според пресудата, ограничувањата за штетните емисиите се уште не се почитуваат, иако тие одамна требало да бидат намалени до дозволеното ниво, за што е одговорна холандската Влада.

Заменик-министерот за екологија Шарон Дејксма нагласи дека Владата ќе го забрза спроведувањето на плановите за подобрување на квалитетот на воздухот.

Во 2015 година истиот суд донесе пресуда дека Владата до 2012 година треба да ги намали штетните емисии до 2020 година за најмалку една четвртина под новото од 1990 година.

Податоците од оваа недела покажуваат дека во текот на минатата година штетните емисии се намалени за 11 проценти.

Би можело да ве интересира

Холандскиот непријател број еден по грешка е ослободен од затвор

Горан Наумовски

Холанѓанец ја тужи државата и полицијата бидејќи го ставиле на списокот на потенцијални терористи

Холандија и дава уште 400 милиони евра на Украина

(ВИДЕО) Заложничка криза во бар во Холандија: Ослободени тројца заложници

Орце Костов

(ВИДЕО) Драма во Холандија: Луѓе заробени во кафуле, наредена итна евакуација

Судир меѓу полицијата и семејствата на исчезнатите во Ротердам: Уапсени двајца мажи