Холандскиот премиер се закани со воведување гранични контроли за Источноевропејците

Од:

Холандскиот премиер Марк Руте денеска се закани со воведување на гранични контроли за државјаните на источноевропските членки на ЕУ, доколку овие земји не се согласат да прифатат поголем број бегалци.

Во интервју за холандската телевизија НОС, Руте вели дека со потпишувањето на Шенгенскиот договор за слободно движење, земјите не може да уживаат само во предностите, туку мораат да ги преземат и одговорностите што произлегуваат од него.

– Неприфатливо е неколку земји да прифатат најголем дел од бегалците. Она што ние, како западноевропски земји можеме да направиме, е повторно да воведеме гранични контроли кон државите од Источна Европа, вели Руте.

Како пример Руте ја посочува Унгарија, која. како што вели, на ниту еден начин не им помага на барателите на азил, дури кога тие не ни сакаат да останат во земјата, туку да заминат во некоја друга европска држава.

Забелешката на Руте се однесува на унгарскиот закон за забрана за укажување помош на барателите на азил, поради што најголем дел од нив завршуваат на границите на Унгарија на т.н. ничија земја, каде немаат пристап ниту хуманитарните организации.

Руте најави дека за неговата идеја за воведување на гранични контроли за Источноевропејците веќе разговарал со францускиот претседател Емануел Макрон, а наскоро ќе има разговори и со германската канцеларка Ангела Меркел.

Би можело да ве интересира

Хабер: ЕУ мора да биде подготвена за царинска војна со САД

Фицо не исклучува можност од излегување на Словачка од ЕУ и НАТО

Фудбалерите на Шпанија во Валенсија ќе ја пречекаат Холандија во Лигата на нации

ВИДЕО: Разорна експлозија во Хаг, потрага по преживеани

Европската унија би можела да испрати воени трупи во Украина

А1он

Новите лидери на ЕУ на првиот ден од функцијата се во Киев – носат моќна поддршка од Европа

А1он