Холандската влада не препорачува носење заштитни маски

Од:

Холандската Влада соопшти дека нема да им препорача на граѓаните да носат заштитни маски како дел од мерки за да се забави ширењето на новиот коронавирусот, сметајќи дека нивната ефикасност не е докажана.

– Наместо тоа, Владата ќе побара од граѓаните подобро да ги почитуваат мерките за физичка дистанца, бидејќи бројот на пациенти е во пораст оваа недела, рече министерката за здравство Тамара ван Арк.

– Бидејќи ефикасноста на маските не е докажана од медицинска гледна точка, кабинетот одлучи дека нема да има никаква обврска да се носат немедицински маски, рече таа по анализирањето на извештајот на Институтот за јавно здравје.

Таа одлука е во спротивност со други европски земји кои воведоа обврска да се носат маски во затворено, па дури и на отворено.

Би можело да ве интересира

Холандскиот министер за одбрана: Трамп не е добро информиран за војната во Украина

Горан Наумовски

Силна експлозија во Холандија

Фудбалерите на Шпанија во Валенсија ќе ја пречекаат Холандија во Лигата на нации

ВИДЕО: Разорна експлозија во Хаг, потрага по преживеани

Напад во Ротердам: Едно лице е убиено, а друго тешко рането во холандскиот пристанишен град

Холандија и донира на Украина 24 авиони Ф-16, може да ги користи за цели во Русија

Катерина Ѓуровски