Холандската полиција го уапси напаѓачот од Утрехт

Од:

Холандската полиција соопшти дека го уапси осомничениот напаѓач од Утрехт.

Претходно, беше објавено дека осомничениот за нападот во Утрехт, Ѓокмен Таниш пукал во роднина поради семејни несогласувања, а потоа отворил оган и врз лицата кои се обиделе да му помогнат на нападнатиот.

Според информациите, Танис досега бил повикуван на суд во врска со обвинувања за силување, вклучувајќи и повеќекратни сексуални напади како и закани кон жртвата дека ќе и ја запали куќата.

Тој во 2013 година, бил осомничен за обид за убиство „откако пукал во еден стан“ наведуваат медиумите.

Последниве години Танис бил обвинет и за провала, кражби во продавници, возење во алкохолизирана состојба и напад на полицаец.

Би можело да ве интересира

Фудбалерите на Шпанија во Валенсија ќе ја пречекаат Холандија во Лигата на нации

ВИДЕО: Разорна експлозија во Хаг, потрага по преживеани

Во Утрехт изложба „5х10“, на дела на пет реномирани македонски фотографи

Напад во Ротердам: Едно лице е убиено, а друго тешко рането во холандскиот пристанишен град

Холандија и донира на Украина 24 авиони Ф-16, може да ги користи за цели во Русија

Катерина Ѓуровски

Холандија е дисквалификувана од Евровизија