Холандија замрзна руски имот во вредност од 632 милиони евра

Од:

Холандските финансиски институции досега замрзнаа руски активи во вредност од 632 милиони евра, се наведува во извештајот што до националниот парламент го испрати холандскиот министер за надворешни работи Вопке Хукстра.

Според него, земјата „замрзнала вкупно 632 милиони евра и блокирала трансакции во вредност од 274 милиони евра“. Дополнително, ситуацијата со 20 јахти е ставена под посебна контрола. Бродовите не смеат да ја напуштат Холандија, да бидат испорачани или предадени на нивните сопственици поради санкциите наметнати на Русија. Царинските органи извршија преглед на 33.500 контејнери и се прегледани 63.000 извозни декларации.

Во документот министерот ги отфрла наводите дека санкционираните Руси ги избегнуваат санкциите во Холандија. „Истрагите и инспекциите покажуваат дека нема незамрзнати средства во значителен обем на санкционирани лица“, рече Хукстра.

Претходно, Холандија го назначи поранешниот министер за надворешни работи Стеф Блок за координатор за почитување и следење на санкциите против Русија. Неговите одговорности вклучуваат координирање на активностите на релевантните министерства, агенции и организации насочени кон замрзнување на руските средства, блокирање финансиски трансакции и конфискација на движен и недвижен имот.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Иран и Русија потпишаа договор за „сеопфатно стратешко партнерство“

А1он

Песков: Русија не испратила покани до никого во САД за Денот на победата

Небензија: Киев го нападна Турски тек

Руските сили елиминираа странски платеници: Меѓу жртвите и романски државјани

Русија: Тројца адвокати на Навални осудени на затворски казни

Горан Наумовски

Цените на дизелот се зголемуваат ширум светот по новите санкции кон Русија