Холандија забрани мобилни телефони во училиштата

Од:

Мобилните телефони ќе бидат забранети во холандските училишта, соопшти денеска холандската влада.

Истата судбина ќе ги снајде и таблетите и паметните часовници кои од 1 јануари следната година ќе бидат забранети во училниците.

Забраната е резултат на договор меѓу Министерството, училиштата и невладините организации.

Владата во Амстердам прецизира дека употребата на овие уреди ќе биде дозволена само доколку се потребни за време на часовите за дигитални вештини, од медицински причини или за лица со посебни потреби.

– Иако мобилните телефони се испреплетени со нашите животи, тие немаат место во училницата – изјави холандскиот министер за образование Роберт Дајкграф.

– Учениците треба да бидат способни да се концентрираат и да им се даде можност добро да учат, а мобилните телефони го одвлекуваат вниманието, тоа несомнено го покажуваат научните истражувања. Мораме да ги заштитиме студентите од тоа.

Би можело да ве интересира

Холандскиот непријател број еден по грешка е ослободен од затвор

Горан Наумовски

Холанѓанец ја тужи државата и полицијата бидејќи го ставиле на списокот на потенцијални терористи

Холандија и дава уште 400 милиони евра на Украина

(ВИДЕО) Заложничка криза во бар во Холандија: Ослободени тројца заложници

Орце Костов

(ВИДЕО) Драма во Холандија: Луѓе заробени во кафуле, наредена итна евакуација

Судир меѓу полицијата и семејствата на исчезнатите во Ротердам: Уапсени двајца мажи