Холандија воведува поригорозни мерки за азилантите

Од:

Холандија планира наскоро да воведе нови правила, согласно кои на барателите на азил ќе им се одбие пристап до храна и сместување после само неколку недели, доколку нивното барање за азил биде одбиено, објасни британски „Индепендент“.

„Додека Германија ги отвора вратите за да овозможи поедноставно пристигнување на бегалците, а Франција ја критикува Унгарија поради оградата на границата, холандската Влада оди во сосема друг правец“, наведува весникот.

Од ноември, секој мигрант кој нема да добие бегалски статус, ќе биде депортиран за помалку од еден месец.

Во рамките на новите мерки, холандската Влада планира да зтавори 30 регионални центри кои нудат сместување, бања и храна за азилантите, без оглед на нивниот статус или пријава.

Овие мерки се сметаат како политички обид да се одвлечат гласачите од партијата на Герт Вилдерс, која е позната по антимиграциските ставови.

Само уште две земји во ЕУ имаат слични стриктни мерки – Финска и Велика Британија, пишува „Индепендент“, додавајќи дека Лондон сака да отиде и чекор понатаму, па да ја укине помошта и за азилантите кои имаат семејство.

Минатата година Холандија примила 18.790 молби за азил, наведува Евростат. Од тој број, 6.240 се одбиени.

Холандскиот премиер Марк Руте ги бранеше новите мерки, истакнувајќи дека е „лудо“ да се понуди безгранична помош на оние кои нема да добијат статус на бегалци.

– Зборуваме за група која може да се врати и чии влади сакаат да ги примат назад, но тие тоа не сакаат да го направат, рече Руте.

Би можело да ве интересира

Холандскиот непријател број еден по грешка е ослободен од затвор

Горан Наумовски

Холанѓанец ја тужи државата и полицијата бидејќи го ставиле на списокот на потенцијални терористи

Холандија и дава уште 400 милиони евра на Украина

(ВИДЕО) Заложничка криза во бар во Холандија: Ослободени тројца заложници

Орце Костов

(ВИДЕО) Драма во Холандија: Луѓе заробени во кафуле, наредена итна евакуација

Судир меѓу полицијата и семејствата на исчезнатите во Ротердам: Уапсени двајца мажи