Холандија: Специјалците имале дозвола да пукаат во турскиот Конзулат

Од:

Градоначалникот на Ротердам Ахмед Абуталеб изјави дека специјалните вооружени безбедносни сили, кои во саботата навечер ги испратил во турскиот Конзулат, каде се наоѓала турската министерка за семејство и социјална политика Фатма Бетјул Сајан Каја, имале дозвола да отворат оган доколку има потреба.

Абуталеб синоќа наведе дека испратил специјална единица за вооружени интервенции во турскиот Конзулат поради стравување дека дванаесетчленото обезбедување на турската министерка можеби е вооружено.

– Беше важно да бидеме сигурни дека во случај да дојде до судири, ќе бидеме надмоќни, нагласи Абуталеб, додавајќи дека на холандската специјална единица и била дадена „дозвола да отвори оган“.

Турската министерка во неделата, рано наутро, во полициска придружба беше испратена од Холандија до границата со Германија.

Би можело да ве интересира

Холандија е дисквалификувана од Евровизија

Турција: Едно лице е тешко повредено во експлозија во зграда

Холандскиот непријател број еден по грешка е ослободен од затвор

Горан Наумовски

Холанѓанец ја тужи државата и полицијата бидејќи го ставиле на списокот на потенцијални терористи

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

Холандија и дава уште 400 милиони евра на Украина