Холандија: Школите и продавниците ќе бидат затворени во следните пет недели

Од:

Холандската Влада денеска донесе одлука да воведе нови мерки за „заклучување“ на земјата, што, меѓудругото, вклучува и затворање на училиштата и продавниците на најмалку пет недели.

Вечерва од полноќ до 19 јануари се затвораат училиштата, продавниците што не се од витално значење, музеите, спортските сали, театрите и фризерски салони, рече вечерва холандскиот премиер Марк Руте.

Како што изјави, од среда сите училишта и универзитети во земјата ќе треба да се префрлат на онлајн настава.

Британските медиуми пренесуваат дека Руте новите мерки ги најави на телевизија зборувајќи од неговиот кабинет во Хаг. Додека тој зборуваше, однадвор можеше да се слушне како демонстрантите го исвиркуваат, додаваат американските медиуми.

-Реалноста е дека ова не е некој невин вид на грип, како што мислат некои луѓе, како на пример демонстрантите кои се надвор, туку вирус што може сите тешко да не погоди, рече Руте.

Во Холандија од почетокот на пандемијата на коронавирусот се заразија 621. 944 лица, додека 10.082 лица досега умреа, покажуваат податоците на сајтот Ворлдметерс.

Би можело да ве интересира

Фудбалерите на Шпанија во Валенсија ќе ја пречекаат Холандија во Лигата на нации

ВИДЕО: Разорна експлозија во Хаг, потрага по преживеани

Напад во Ротердам: Едно лице е убиено, а друго тешко рането во холандскиот пристанишен град

Холандија и донира на Украина 24 авиони Ф-16, може да ги користи за цели во Русија

Катерина Ѓуровски

Холандија е дисквалификувана од Евровизија

Холандскиот непријател број еден по грешка е ослободен од затвор

Горан Наумовски