Холандија ќе ја замрзнува социјалната помош за лица кои се приклучуваат кон ИД

Од:

Холандската Влада предложи замрзнување на социјалната помош и студентските стипендии за оние граѓани кои се приклучуваат кон радикални групи, како што е Исламска држава (ИД), во обид да се ограничи бројот на младите кои заминуваат во воените зони.

Оваа одлука е последна во низата мерки кои се преземени во Холандија. Владите во цела Европа изразуваат загриженост од ризикот нивните граѓани да се радикализираат во странство, а потоа да се вратат и да извршат напади во своите татковини.

– Секој што ќе ја напушти земјата за да се приклучи кон ИД или да се омажи за џихадист ќе се соочи со прекин на негово државно финансирање, се наведува во соопштението на холандската Влада.

Партиите, граѓанските организации и приватните лица во Холандија имаат еден месец да се изјаснат околу овој владин предлог пред тој да стане закон.

Би можело да ве интересира

Напад во Ротердам: Едно лице е убиено, а друго тешко рането во холандскиот пристанишен град

Холандија и донира на Украина 24 авиони Ф-16, може да ги користи за цели во Русија

Катерина Ѓуровски

Холандија е дисквалификувана од Евровизија

Холандскиот непријател број еден по грешка е ослободен од затвор

Горан Наумовски

Холанѓанец ја тужи државата и полицијата бидејќи го ставиле на списокот на потенцијални терористи

Холандија и дава уште 400 милиони евра на Украина