Холандија ја зајакна безбедноста на границите и аеродромите по терористичките напади во Париз, изјави денеска премиерот Марк Руте.
Тој додаде дека Холандија е „во војна со Исламска држава“, која презеде одговорност за синоќешните напади во Париз.
Руте на прес-конференција истакна дека целиот сообраќај кон и од Франција и Париз ќе се следи внимателно, вклучувајќи ги и аеродромите и железничките станици.
– Сите безбедносни служби ќе работат со зголемена готовност. Нашите вредности и почитувањето на законот се посилни од нивниот фанатизам, нагласи холандскиот премиер.
Руте додаде дека „ИД е нашиот непријател и ние не сме во војна со држава, вера или со исламот“.