Холандија и Норвешка ги преселија своите амбасади од Украина во Полска

Од:

Холандија и Норвешка денеска одлучија да ги преместат своите амбасади од Украина во Полска поради руската инвазија, придружувајќи се на слични одлуки од некои други европски земји, како што е Шведска.

Холандското Министерство за надворешни работи ја оправда одлуката со потребата да се гарантира безбедноста на персоналот.

„Министерот за надворешни работи Вопке Хоекстра одлучи амбасадорот Џенес де Мол и неговиот тим веднаш да се упатат во Јарослав, на полската страна во близина на украинската граница, за да продолжат со работата оттаму“, соопшти Министерството за надворешни работи.

Норвешката дипломатија одлучи „привремено да ја затвори“ амбасадата во Киев и да работи додека не се донесе нова одлука од полскиот главен град Варшава.

Идентична одлука за преместување на амбасадата донесе и Шведска во четвртокот.

Словенија, исто така, во саботата објави дека го евакуирала персоналот од својата амбасада во Киев.

Министерот за надворешни работи Анже Логар изјави дека персоналот на амбасадата успешно пристигнал во ЕУ со конвој од дипломатски претставници, како и двајца членови на словенечкиот владин кабинет кои работеле во Киев за да ја подготват посетата на премиерот Јанез Јанша на земјата, но е одложена во меѓувреме.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Покрај Украинците, многу Полјаци загинале во војната против Русија

Зеленски за рускиот напад на Днепар: Мора да извршиме притисок врз убијците

Дете загина во експлозија на нагазна мина во регионот Белгород

(ВИДЕО) Масовен руски напад на Днепар: Има мртви и ранети, горат куќи и училишта

Горан Наумовски

Данска ќе испрати војници на обука во Украина

Калас: Не знам зошто Трамп го обвини Зеленски за војната во Украина