Холандија и Данаска одлучија да му помогнат на Ирак во борбата со исламистите

Од:

Владата на Холандија одлучи вчера да отпушти 6,5 милиони евра помош за населението во северен Ирак.

Министерот за внатрешна трговија и соработка за развој Лилиане Плоумен изјави дека 1,5 милиони евра ќе бидат потрошени за деактивирање на мини и прочистување на територии, минирани од групацијата „Исламска држава“. Деминерските дејности ќе бидат извршувани од британски и белгиски експерти.

Останатите пет милиони евра ќе му бидат доставени на Црвениот крст за купување на облека, вода, храна и медицинска опрема за најзагрозените Ирачани во регионите, каде оперираат исламистите.

Парламентот на Данска вчера го одобри предлогот на Владата за доставување на воено-транспортен авион „Це-130 Херкулес“, за испорака на лесно вооружување и муниција за владините и курдските сили кои се борт со „Исламска држава“ во северен Ирак.

Предвидено е денеска авионот заедно со 50 дански војници да полета за Кипар, каде се наоѓа базата на меѓународната коалиција за операции против радикалната групација.

Данската Влада одлучи да отпушти 2,7 милиони долари хуманитарна помош за бегалците од северен Ирак.

Би можело да ве интересира

Холандскиот министер за одбрана: Трамп не е добро информиран за војната во Украина

Горан Наумовски

Данска: Русија може да започне голема војна во Европа

Гренланд распишува општи избори: „Ќе го започнеме процесот на независност“

Никој ништо не им може на Данците – ја победија Хрватска во финалето и испишаа историја

А1он

Жесток разговор на Трамп и данската премиерка за Гренланд

А1он

Силна експлозија во Холандија