Хјуман Рајтс Воч: Сириските сили користеле хемиско оружје во Алепо

Од:

Сириските сили користеле хемиско оружје во деловите на Алепо под контрола на опозицијата за време на борбата за освојување на градот, на крајот на минатата година, соопшти денес организацијата Хјуман Рајтс Воч.

Во извештајот се наведува дека хеликоптери на сириската влада фрлале хлорин бомби во стамбениот дел од Алепо најмалку осум пати во периодот помеѓу 17. ноември и 13. декември 2016. година.

„Во нападите се убиени најмалку девет цивили, вклучувајќи и четири деца, а повредени се повеќе од 200 луѓе“ наведуваат во извештајот од Хјуман Рајтс Воч.

Оле Солванг, заменик директорот на организацијата, тврди дека хемиските напади се одвивале во чекор со линијата на фронтот и тоа покажува дека биле составен дел од офанзивата.

„Тоа е силен показател дека овие напади со холорин биле координирани со целокупната воена стратегија. Постојат силни индции дека високи воени функционери, команданти знаеле за употребата на хлорин“ изјави тој.

Според ХРВ извештајот базиран на разговори со очевидци, видео анализи, фотографии и објави на социјални мрежи не пронашол доказ за вмешаност на Русија во хемиските напади, но забележува дека Москва имала клучна улога во помагањето на сириската влада да го освои Алепо.

Сирија и нејзиниот сојузник Русија повеќе пати негираа користење на хемиско оружје во конфликтот, обвинувајќи ги за тоа опозициските сили.

Би можело да ве интересира

Израелска армија: Го убивме лидерот на Хамас во Сирија

Серија израелски напади врз Сирија, најмалку пет лица загинаа, 19 се ранети

Избегнат руско-американски инцидент во Сирија

Израелските новинари известуваат: Иран подготвува беспилотни летала и ракети за голем напад

Ројтерс: Американски војници се повредени во напад со беспилотно летало во Сирија

Во Сирија училишен автобус излетал од патот, најмалку седум загинати

А1он