Хјуман рајтс воч: Најмалку 448 лица загинаа во задушувањето на протестите во Иран

Од:

Најмалку 448 лица загинаа во задушувањето на протестите во Иран, соопшти денеска невладината организација за човекови права Хјуман рајтс воч.

Во овој биланс на жртви се вклучени само граѓани кои загинале во репресијата, а нема информации за припадници на безбедносните сили.

Од 448 лица чија смрт беше потврдена, 60 се на возраст под 18 години, вклучувајќи девет девојчиња и 29 жени, соопшти иранскиот огранок на Хјуман рајтс воч (Human Right Watch).

Иранските власти, од своја страна, соопштија дека повеќе од 300 луѓе загинале од почетокот на протестното движење по смртта на Махса Амини во притвор поради кршење на строгиот кодекс на облекување за жените.

Оваа бројка вклучува десетици припадници на безбедносните сили кои загинаа за време на судирите со демонстрантите.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Ганц повикува на координиран напад врз иранските нуклеарни постројки

Трамп го отфрли планот за напад на иранските нуклеарни постројки

Горан Наумовски

Иран ги објави своите недопирливи црвени линии

Хамнеи: Преговорите со Американците може и не мора да успеат

ВИДЕО: Подготвени сме да го нападнеме Иран, порача американскиот секретар за одбрана

Иран попушти: „Ќе преговараме со главниот непријател“